Фото: Невреме - архивска фотографија

 Службите за итни случаи имаа повеќе од 20 интервенции за отстранување на паднатите дрвја и други препреки во Шибеник по големата бура што ја погоди областа. Едно лице загина.
– Според нашите податоци, утрово до шест часот во подрачјето на Шибеник и Бродарице, беа оштетени вкупно 16 возила, а уште по едно во Водице и Кистање. По 6 часот имавме дојава дека уште две возила се оштетени во Тисно и две во Срима – рекле за “Шибеник.ин” од Центарот 112.
Еден маж, за време на голема бура, паднал од рибарски брод околу 23.30 часот. Започната е голема потрага која заврши трагично – околу 3 часа наутро човекот беше пронајден мртов во морето во близина на Заборчиќ.
Се чини дека најголема штета во градот бурата направила на Биоци, каде што од зграда за автоделови буквално го искорнала покривот и врз паркираните автомобили ги превртела големите реклами. Дел од покривот дури завршил на патот, но брзо го тргнале вработените во “Патишта Шибеник”.
Пред кафе барот “Бардкод” на кејот, бурата уништила два киоска.Кејот и целиот град се полни со скршени гранки, искорнати дрвја и искршени автомобили.