Како општествено одговорна компанија, Студиото за масажа и козметика Енерги  реши да ги заштити пред се,своите човечки ресурси, а воедно и да спречи поголем ризик за ширење на корона вирусот. Тие утрово на својот профил на ФБ страната објавија дека салонот ќе биде затворен во период од 13.03 до 23.03. Ова е засега единствен ваков салон од овој тип на услуги,кој го направи овој чекор на своја рака и го ставија во приоритет човечкиот живот пред материјалните средства. Сопственичката на салонот вели дека се определиле на ваков чекор бидејќи вработените доаѓаат со директен контакт со многу клиенти и ризикот на зараза е поголем.
Да се надеваме дека овој пример ќе го следат и други вакви салони каде што постои услужна дејност со директен контакт помеѓу клиент и вработен и треба да биде пример како да се заштитат граѓаните, но и вработените во компаниите кои се во директен контакт со клиентите и каде што услугата може да се одложи, за да можат и други салони да преземат ваков чекор.
А.Н.