четврток, април 25, 2024
домаЖивотСцена"Студио за танц Вајб": Кај нас танцуваат и деца и возрасни,...

“Студио за танц Вајб”: Кај нас танцуваат и деца и возрасни, од три до 35!

„Vibe crew“ е новата денс атракција. На почеток, госпоѓо Милена Манева Мика , запознајте не со идејата и кога е создадена оваа група?

-Студиото за танц Вајб е создадено пред три години. Основачи на студиото сум јас, дипломираниот тренер за танц Милена Манева и мојот сопруг Ведран Манев. Јас се занимавам со танц од својата седма година, а од своите 15 години поќнав да освојувам награди. Најзначајни се- повеќегодишен државен првак на Србија, првак на Југоисточна Европа, вицешампион на светот и таканатаму. Освен награди, остварив многубројни настапи, настани, тв гостувања, емисии и спотови, отворање на светско првенство во одбојка… Бев и кореографка за секвенци за хип хоп за тројца претставници: „Игра“ заедно со Ашхен Атаљанц, Мишел Мерола и Лео Мујиќ, потоа „Легенда за тебеЕ, повторно со Ашхен Атаљанац и Саша Илиќ, и претставата „Крај“. Паралелно студирав на Педагошкиот факултет во Јагодина, ги заврши студиите на Факултетот за спорт и физичко воспитување во Ниш, каде се здобив со диплома дипломиран тренер. Моментално сум на студии за Спортски науки во Белград. Така што, студиото беше логичен исход на сите мои танчарски достигнувања и кариера. Но, главната идеја за формирање на студиото беше  потребата за развивање на здрава танцувачка свест како и големата желба преку танцот да придонесам за културниот и физички развој на младите и децата.

Колку деца- танчари брои денс групата, како се тие селектирани?

-Моментало во студиото „Вајб“ има околу 100 членови. Студиото е главно насочено на урбани танци, но генерално тежнее кон целокупниот танцувачки развој на своите членови. Покрај Хип- хоп програма имаме салса, Современа програма, СтејФит програма, Комецијална, К-поп и програма со најмалите, базирана на развој на коските низ танц. Што се однесува на бројот на групите, поделбата е на основа на годините. Така што во студио, имаме разни групи, малечката група е со деца од 3 до 6 години, тоа се најмали со кои се работи комбинација од ритмимика, развој на моториката, концентрација и слично. Во групата „ВајбКидс“ се деца од 6 до 11 години со кои главно се работи современ танц и моторика низ хип хоп основа. „Вајб 4 Трајб“ од 12 до 15 години, со нив работиме хип хоп. „Вајб Кру“ од 16 до 30 години хип хоп, професионална сениорска група и воедно најтрофејната група во „Бајб“. „Комерцијална“ е посветена на девојки од 16 до 35 години и се прават женствени кореографии на популарна аренби и поп музика. „Темперна“ е група за современ танц, комбинирана група на деца и возрасни од 12 до 30 години. „Салса програма“ е за возрасни од 18 години, „СтејФит“ е кардио програма за возрасни од 18 години, а „Кроп“ е нова група која прави популарни кореографии на корејска музика.

Кој ги поставува кореографиите на групата? За какви кореографии најчесто станува збор?

– Студио „Вајб“ („Vibe“) поддржува повеќе настани и натпревари, така што, кореографиите кои се прават најчесто за тие настани се прават на основа за тоа на каков тип на натпревар се учествува, и од каков карактер. Главен ментор и кореограф за сите групи сум јас, но има инструктори волонтери кои заедно со мене учествуваат во креирањето на кореографија. Тоа ова се: Марко Марковиќ, Стојанче Максимовиќ, Ана Пејовска, Елена Костадинова, Ненад Стојчевски, Мартина Арсовска, Коста Андонов, Мартина Мицева, Моника Јордановска и Ева Ристовска. Исто така честа појава во студиото е и самите деца да се кореографи за некои секвенци, бидејќи студиото поддржува креативност на учениците, посветеност и желба да се создава.

Ајде да позборуваме за Вашите успеси. Групата се уште не е доволно позната во Македонија, а веќе остварува настапи надвор од границите.

-„Вајб“ постои кратко, но како што веќе споменав, јас сум ментор, а во професионалната сфера на танцот сум застапена речиси 20 години. Преку танцот се запознав со многу уметници и кореографи со кои развив добри односи, и благодарение на тоа, студиото посетува разни кампови (Летниот танцувачки камп во  Србија, In10sivemastercamp – Грција, DanceCamp – Шведска …) и учествува на многу танц натпревари и настани. Покрај освојувањето на првите места на натпреварите во Скопје, „Вајб“ ги освојува и првите места на натпреварите во Србија веќе три години, во Шведска реализира многу видео материјали. Учесници и победници се на StreetJam во Скопје (battle), држиме многу работилници во танцови кампови (Шведска, Србија, Грција …) и минатата година го реализиравме шоуто BOX, кое засега е најголема гордост на нашето студио и воедно е и најсериозен проект, што го реализиравме јас и Јелена Доведан.

Неодамна имавте забележан настап на манифестацијата „Woman scream“.

-Како што кажав, „Вајб“ поддржува квалитетни настани. Благодарение на Жаклина Максимовиќ и на Оливера Доцевска, бевме поканети да учествуваме на една прекрасна манифестација, која оваа година беше посветена на мајките како водителки кон иднината и посветена на борба против насилството во денешното општество. Така што, „Вајб“ со својата кореографија прва  го отворија настан, наречен “Women Power”. Во таа кореографија играа шест девојки: Кристина Трајковска, Александра Андреевска, Ана Стојановиќ, Ирина Поповиќ, Росана Крстевска и Маја Додева. Покрај оваа кореографија, студиото имаше уште еден настап со групата „ВајбКидс“, кореографија ” “Flashlights of hope “ со  Мила Петровска, Инес Ахтикамаз, Стефанија Бошковска, Ангелина Песева, Ина Наневска и Матеја Блажеска, како наша најголема надеж, иднина и гордост. А настанот го затворивме со весели звуци на салса музика и танц со Коста Андонов, Марта Арсовска, Михаил Стевчец, Јана Симјановска, Деспина Ристова и Марјан Ѓошевски.

Кои се Вашите следни планови? Каде ќе настапи групата, што ново подготвува?

-Сега групата работи на реализирање на претставата “See the light “, во која оваа година ќе учествуваат сите деца од студиото. Во јуни месец нè чека натпревар во Ниш. Засега ние сме сконцентрирани само на овие проекти, бидејќи се работи за перформанси од сериозен карактер и бараат многу залагање и откажување. Имаме многубројни проби и голема соработка со нашата ученичка која е на ФДУ во Скопје, Енџи Николовска.

Како може да се стане член на Вашата група? Каде и колку пати неделно вежбате?

-„Вајб“ се наоѓа во самиот центар на градот, на улица Даме Груев број 5, Скопје. Доколку некој сака да стане член на Вајб, може да не најде на Фејсбук како DanceStudio Vibe, исто така на dancestudiovieb, а нешто од нашите проекции може да се види на нашиот YouTube канал. Доколку ви требаат повеќе информациите, со оглед на тоа дека  имаме повеќе групи и тренинзи, два до три пати неделно, зависно од која програма сте заинтересирана.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ