Една научна студија спроведена во Франција врз 105.000 луѓе воспостави врска помеѓу потрошувачката на индустриски преработена храна и готовите јадења со ризикот од рак.

Научниците вчера објавија студија спроведена од 2009 до 2017 година, во која утврдиле дека преработената храна содржи повеќе маснотии, заситени масти, шеќер и сол, и помалку влакна и витамини.

„Според нашите сознанија, ова е прва научна студија која се бави со врската помеѓу конзумирањето индустриски преработена храна и појавата на рак“, се вели во студијата објавена во „Британскиот медицински журнал“ (BMJ).
Научниците заклучиле дека конзумирањето таква храна е поврзано со зголемен ризик од рак за 6 до 18 проценти и рак на дојка од два до 22 проценти.

Под „ризична“ храна се смета леб, слатки, житарици, безалкохолни пијалоци, преработки од месо, како што се шунка со додаток или медаљони од мелено месо, тестенини, инстант супи и замрзнати готови јадења. Во студијата се додава дека ова се првите истражувања и дека се потребни повеќе истражувања за да се утврдат точните здравствени ризици.