четврток, април 25, 2024
домаКујнаСунчица Уневска во жирито во Херцег Нови

Сунчица Уневска во жирито во Херцег Нови

Во програмата „Кино Орјен“ ќе се додели наградата „Живко Николиќ“ за најхрабриот и највозбудливиот филм на авторите кои не се плашеле да навлезат во помалку популарни и дефинирани простори и теми.

Новинарката и филмска критичарка Сунчица Уневска е член на едно од двете официјални жирија на 31. Филмски фестивал во Херцег Нови, кој се одржува од 1 до 7 август. Заедно со црногорскиот сценарист Стефан Бошковиќ и српскиот режисер и сценарист Ѓорѓе Милосављевиќ тие го сочинуваат жирито кое ќе одлучува за новововедената програма „Кино Орјен“, посветена на филмовите од поранешните југословенски земји. Ова жири ќе ја додели наградата „Живко Николиќ“, која поминувала низ различни фази, но од ова издание таа ќе биде воведена како позначајна и попрестижна, а не како протоколарна.

Во оваа програма ќе се додели и Специјална награда, но особено интересно е што за филмовите од „Кино Орјен“ се воведува и Награда на публиката, за која селекторот Иван Мариновиќ вели: „Поради интригантната разновидност на филмовите во рамките на оваа програма, наградата во оваа секција ќе биде порелевантна од било која друга“.

Инаку, Ѓорѓе Милосављевиќ е познат по својот филм „Тркала“, потоа по сценариото за филмот „Апсолутни сто“, како и по филмот „Механизам“, за кои има освоено повеќе награди. Стефан Бошковиќ, пак, и беше претставен на публиката на фестивалот во Херцег Нови пред две години, како сценарист на краткиот, доста успешен филм, „Умир крви“. Тој има работено на документарни филмови, пишува текстови за претстави, а за романот „Шамарење“ е награден на конкурсот за „Најдобар необјавен роман во Црна Гора“.

RELATED ARTICLES

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here

Most Popular