Еден сурфер бил нападнат од ајкула долж брегот на Австралија, но и покрај сериозните повреди на двете нозе успеал да доплива до плажа, соопштија локалните власти. На повредениот 30-годишен сурфер му била укажана прва помош, по што со хеликоптер бил префрлен во болница во Перт. Неговата состојба е стабилна.

Крајбрежната стража соопшти дека два часа по нападот во Грејстаун, недалеку од една блиска плажа, забележала ајкула долга четири метри. Во истиот залив во 2013 година, сурфер настрада при напад од ајкула.