Под називот „02“ се собраа Лена Ковачевиќ, Ивана Петерс, Марко Луис, Тамара Тодевска, Сашка Џанкс  и Игор Симиќ и ја отпеаја песната „Удахни“, на српски јазик, која има за цел да ја истакне потребата од солидарност меѓу луѓето.

Новиот регионален музички проект, ги обединува некои од најдобрите вокали во регионот, на тема од голема важност за сите нас, потенцира организаторот на проектот:
-Песната има повеќе мотиви од кои главните се подигнување на свеста за важноста на зачувување на животната средина, борба против загадувањето на воздухот кој го дишеме, и поддршка за сите кои преживеаја или сеуште ги преживуваат тешките последици од пандемијата. Моќта е во нашите раце и ја користиме за ширење на позитивна енергија и подигнување на свеста за теми кои имаат огромно значење за животите на сите нас. Автори на песната се Владимир Даниловиќ и Немања Филиповиќ.

“Меџик рекордс” обединил фантастична група на изведувачи кои заедно имаат за цел да пренесат порака за солидарност и заедништво во овие тешки времиња, порака да се вратиме кон природата и изворните вредности и дека солидарното општество многу полесно може да ги помине сите кризи.

.