Татјана Брн (18 години) е новото музичко име на македонската сцена која со својата прва песна „Зошто“ (On my mind – англиска верзија) го пробива патот во музиката. Родена на Карибите животниот пат ја носи и до Македонија од каде има и потекло.
За својот прв музички проект таа е повеќе од возбудена да ја вклучи Марија Ивановска од Ај Кју и својата музичка идеја да ја развие и реализира заедно со Бојан Трајковски (Ај Кју) и Дарко Димитров.
За оваа песна е изработен и видео спот во соработка со Motion Emotion, во режија на Јован Куциновски. Денес имаме можност да го погледнеме видеото за англиската верзија “On my mind“, а за кратко Татјана на публиката ќе и подари и спот со македонската верзија под наслов „Зошто“.
Татјана веќе работи на своите нови музички идеи кои наскоро ќе ги претстави пред македонската публика. Уживајте во сплетот на богатите музички влијанија од различни поднебја, од Карибите до Охрид во оваа егзотична песна.