Валентина Ѓоргиевска Парго

Еден од учесниците на “Фолк Фест Роса 2020” е и преспанската гордост, фолк пејачот со голема преспанска популарност Ташко Каранфиловски.

*На почеток, кажете ми што ќе испеете за каква песна станува збор и како решивте оваа година да запрете на оваа сцена, како, и кој авторски тим стои зад песната?

-Песната насловена” Жена убава” ќе биде испеана на овогодишниот “Роса Фест” која е дело на Љупчо Соколовски- Бубе, Милан Завков и текст на Далибор Ѓошиќ. Како покана на почитуваниот директор Аце од “Роса Фест”, имам чест за прв пат да учествувам на еден од најпознатите фестивали.

*Не е случајно. Оваа година навистина бевте актуелен и по песни, и по спотови, кои беа прикажувани и во Македонија и надвор, но може да се забележи сте доста активен со настапи и на фестивали, летови имавте настап на фестивал во Новаци, Битолско. Ајде да направиме една мала ретроспектива што се ви се случуваше на планот на музиката? 

-Точно, имав прилика да испеам една прекрасна песна на Гоце Ристески од Мелбурн, Австралија, а на музика на Милан Завков, потоа да снимам  и видео запис со ИН продукција. Оваа песна ми беше подарена во Австалија кога се запознав со почитуваниот Ристески, и навистина од самото објавување стана доста слушна, како на фестивалот “Избор на летен хит” во Новаци каде се здоби со прво место од публика, исто така доста беше барана надвор од нашата држава. Изминатите години снимив неколку видео записи со “ИН продукција”, кои беа и се доста успешни, барани песни од публиката каде што настапувам кај нашинците и во дијаспората. Што се однесува на фестивали, пред две години имав песна за на “Валандово”, но која не беше примена и за истата снимив видео запис “Што е важно” текст на Огнен Неделковска, музика на Славко Ристески.

*Годината 2020 ви почна, а минатата 2019, ви заврши со една грандиозна австралиска турнеа, иако знаеме дека македонските пејачи одамна не прават турнеа во Австралија од низа причини. Но, вие бевте поканет и имавте успешна музичка посета, за која се зборуваше, и тоа во неколку градови, пред се во Сиднеј. 

-Првата моја турнеа во Австралија достигна голем успех, поканет бев од почитуваните Симе Георгиевски Бричот и Љупчо Белески кои беа презадоволни од мене организираа и следна турнеа, ама поради оваа епидемија се одложи за подобри времиња. Бев во неколку градови Сиднеј одржа неколку концерти и свирки, Мелбурн, Волонгонг, запознав прекрасни луѓе, па можам да кажам дека нашинците ми недостигаат сега, веа преубава публика, многу гостопримливи. Да се надоврзам, исти се нашите насекаде, сакаат наши пејачи и почитуваат, кажувам ете каде што сум бил доста пати во Шведска, Данска Норвешка, Канада.

*Како е меѓу нашите сонародници, секако не можете да споредите некогаш кога оделе многу познатите пејачи, бидејќи сте биле млад и сега почнувате турнеи преку океанските земји, но ајде позборувајте  ми околу онаа помлада генерација Македонци кои се родени таму. Како тие го доживуваат македонскиот фолк? Како ги доживуваат новите македонски песни дали се радуваат, дали ги знаат, колку сакаат да ја слушаат таквата музика и дали истото чувство го доживуваат како нивните родители, дедо, баба или можеби тие се така можи вооздржани во емоциите за македонските песни?

-Немам зборови кои можам да ги опишам нашинците насекаде каде што одам. Точно, јас сум на почеток, но со доста поминати мигови со нашите во дијаспората, пресреќен сум кога пеам македонски песни и доживувам преубаво чувство кога од најмало до најголемо преубаво ја пеат и играат нашата песна, едноставно срцето ми трепери од радост.

*Турнеите во странство за вас не се нешто ново, бидејќи фактички вие сте еден од ретките можеби единствен пејач кој својата кариера иако живее тука, ја почна со турнеи низ Европа, дури потоа за вас се дозна пошироко во Македонија. Значи по успешните настапи низ родната Преспа многу набрзо бевте повикан како чест гостин во Шведска, Данска меѓу нашите сонародници на нивни забави на нивни официјални прослави, исто така имавте турнеа во Канада, како се случи сето тоа?

-Навистина така, најпрво од кога почнав да пеам имав чест да бидам поканет во Канада, каде после две години повторно бев таму поминав прекрасно, во Шведска околу 30 пати до сега сум бил, во Данска неколку пати и во Норвешка, ете и Австралија па во оваа година таму требаше уште два пати да одам. За еден млад пејач тоа е голем успех, не се фалам самиот, но велам имам среќа и фала му на Бога што побарувачката е таква.

*Во Преспа веќе важите за голема ѕвезда и тоа можам да речам точно десет години а можеби и малку повеќе, но многу молскавично се искачивте на македонската естрада без притоа да имате некакви поактивни патувања на релација од Ресен кон Скопје. Вие уште со првото учество на “Гоце Фест” станавте победник и имавте  победа за која доста се зборуваше, победа која што едноствно ви го отвори патот за успехот на еден многу среќен почеток и многу набрзо ве дознаа и колегите и публиката ве прифатија. На фестивалите си градите чекор по чекор успешна кариера… 

-Пеам веќе од многу мал во нашата Преспа па и кај нашите во Мала Преспа, додека во 2015 година со убавата песна “Убајни Преспански” испеана на “Гоце Фест 2015” беше моја отскочна штица каде освоив победа, прва награда, па од тогаш  пловам низ естрадата со моите почитувани колеги од кои сум доста прифатен и ги почитувам. Како главен виновник за сето тоа е мојата почитувана новинарка Валентина Парго, која всушност ми го покажа патот, правецот каде да пловам… Цане Трајчевски и професорот Кирил Стојчески од Битола ја создадоа таа песна.

*По “Гоце Фест” следуваа и други фестивали, бжни зошто ве нема на Валандово и на охридскиот фестивал “Охридски трубадури”, “Канео” ?

-На “Гоце Фест” настапував неколку години неколку мои песни се испеани исто и на фестивалот во Новаци, на фестивалот за Црешнобер.”Лични момци Македонци”, “Мори Јано”, “Убајни Преспански” и уште неколку се испеани песни на фестивали… На” Канео Фест”два пати требаше да пеам, но кога се одржува имав закажано свадби каде пеев и се надевам ќе имам друга прилика исто и на “Филиграни” , “Лешочки”и “Охрид Фест”, додека на Валандово имав подадено песна каде што истата ми беше одбиена. Се надевам следна прилика гледачите ќе ме гледаат на тие фестивали.

*Со оглед на вашата активност сите овие споменати случувања сите овие ваши фестивали и хитови, редно е да прашаме дали сте задоволен како млад и активен пејач на кого вратите му се секаде отворени и во земјава и кај нашите во дијаспората, од финансиски фидбек. 

-Па сум премногу задоволен бидејќи имам доста свирки доста турнеи што засега заработувам само од пеење и помаѓање околу земјоделието дома, иако сум магистер по правни науки, но главна приход егзистенција ми е од пеењето, на мое задоволство. Размислувам и на таа струка што не би сакал да ја оставам иако сите знаеме како се нашите работи во државата,но и се надевам дека со убаво ке ја пребродиме оваа епидемија и ќе функционираме како што беше.

*Преспа е мошне инспиративен крај меѓутоа за жал во последниве години ги нема сите оние некогашни мноху на број препознатливи свирки по одморалиштата,  ги нема познатите дружби како што беше тоа пред многу децении, но за среќа имаме исто така иселенички средби по селата во Преспа и вие сте често покануван како гостин таму. Имате и песни за Преспа. Исто така и магистер сте. Не сакате да ја напуштите Преспа или не наоѓате ниедна подобра замена од тоа место кое иако е можеби тивко место пасивно можеби нуди работи кое на друго место ги нема?

-Како што спомнавте не се актуелни мислам се изгубени тие игранки за кои кажуваат нашите што ние не сме ги стигнале, но се одржуваат доста иселенички и празнични средби каде што од Љубојно, па се до Крушје, речиси на сите иселенички и црковни средби имам чест да пеам јас се разбира со мои почитувани колеги, а и на доста фамилијарни веселби, свадби, лрштевки и ред други веселби. Поради тоа не сакам да ја напуштам, иако сум имал прилика, мојата мирна и чиста Преспа, барем засега дури сум баран од моите Преспани, а тврдам дека нема да им погрешам и секогаш ќе бидам со нив. Се надевам ќе дочекам и работа  од мојата струка, како правник.

*Минатата година стапнавте на лудиот камен,  а со кумство се поврзавте со едно пејачко име на естрадата Благојче Стојановски Туше кој доста често заминува во Австралија. Но, би сакала да прашам колку вашата сопруга Мартина има разбирање за вашата професија, затоа што малку од женски аспект да се има успешен убав паметен сопруг кој патува и кој е посакуван од публиката, не реткоможе да предизвика некакви мисли во главата на една жена. Дали секогаш ја подржува вашата професија и вашите понатамошни чекори на естрадата?

– Точно пред година и половина запловив во тие води, каде како мој Крст на мојот брак да не круниса е мојот почитуван кум Туше и неговата фамилија кој е мој огромен подржувач на мојата кариера и ме бодри да одам напред. Би посакувал секој естраден уметник да живее со своите колеги како што функционираме ние, не од сега кога тој ми стана кум, уште од кога почнав кога многу ме потуркуваа а тој ме поддржуваше. Мојата сопруга секогаш ме подржува во тоа што го правам со голема доверба и ме бодри за многу работи ми помага да изгледам добро и ред други работи околу пеењето. Нашата врска беше многу долга и таа од самиот почеток знаеше со кои проблеми ќе се соочи, но ќе се трудам никогаш таа доверба  да не ја изгуби, бидејќи и за мене е тоа олеснување кога знам дека силно ме подржува таа знае дека мојата професија е секогаш и со женски лица, но тоа е во корист на моето семејство.

*Повторно ќе се вратам на делот на фестивалите,во македонската естрада преку ноќ блесна Наум Петрески кога со “Има ли песна” победи во Валандово и од анонимен наеднаш стана славен, истото на некој начин се случи и со Ташко Каранфиловски кога од анонимно момче за пошироката јавност преќу ноќ преку победата на “Гоце Фест” стана голема  фолк ѕвезда кај помладите. Во 2021 ќе има ново издание на “Гоце Фест” дали планирате да настапите, слушнав песните ќе бидат патриотски, со опишување на природната убавина  и  на познати личности од Македонија кој оставиле историска трага, па каков е вашиот план?

-Ви благодарам на мислењето, секако дека планирам две години не можев да бидам присутен поради мои турнеи, а јас секогаш сум со став да го почитувам оној кој ми подал рака околу она што го работам. Се надевам дека догодина публиката ќе има можност да ме види и слушне на “Гоце Фест”.

*И за крај, иако има многу што да се зборува и допрва ќе се зборува, сакам од  “прва рака” да слушнам за вашите идни планови, дали можеби планирате дует со некој Преспанец или со некое име од Македонската естрада. Но она што посебно би сакала да ве прашам бидејќи ние во Преспа имаме и оперски пејач кој е ваша генерација живее во Германија Живе Кремшовски Кремшо, дали можеби размислувате да запеете и вие опера или во иднина да снимите забавна поп песна?

-Дуетска песна имам снимено со прекрасната Мартина Стојчевска од Шведска по потекло од Преспа која е одличен вокал. Требаше да снимиме спот за нашата песна но поради овие причини и тоа се одложи. Се надевам  и размислувам за следни дуети со мои колеги и колешки но тоа со време. Живе Кремшовски е мој школски другар и го почитувам и се гордеам на неговите успеси, бидејќи тоа го заслужува, тој е еден редок глас со кој треба да се гордееме сите ние. Бидејќи немам школо за пеење а тоа го одржувам со мојата позната професорка Марина Коруновска од Битола која извади доста големи пејачи, и со неа имам прилика да учам се она што ми фали околу пеење, и имавме шанса да ја обработиме” О Соле Мио”за која мојата професорка е премногу задоволна од тоа како го владеам тој правец. Слушателите ќе имаат можност за кратко да слушнат, да видаат дека ако се има мерак за нешто дека ќе се оствари, а секако дека пеам и забавен репертоар бидејќи имам и такви побарувачки.