Фото: EPA-EFE-Ralph Lauer

Официјални лица на американската држава Тексас предупредија на „катастрофа во катастрофа“ по невидениот леден бран што остави милиони луѓе без греење и вода, изјавувајќи дека граѓаните треба да бидат подготвени за можноста да нема струја до викендот.

На жителите во повеќе од 100 окрузи во Тексас им е кажано да зовриваат вода, бидејќи електраните продолжуваат да се соочуваат со неможноста да ги активираат своите системи, додаваат официјални лица, објави Ројтерс.

Околу 12 милиони луѓе во Тексас, втора по популација американска држава со 29 милиони жители, немаат вода за пиење или повремено добиваат вода, па снемува.

Околу 2,7 милиони домаќинства немаат електрична енергија, а метеоролошките служби предвидуваат дека многу ниските температури ќе продолжат до викендот, што ќе го отежни враќањето на електричната енергија, бидејќи Тексас за време на овој бран изгуби околу 40 проценти од капацитетот за производство на електрична енергија.

Покрај тоа, природните извори на гас и цевководите, како и турбините, се замрзнати.

Болниците во Хјустон, главниот град на Тексас, објавија дека немаат вода и се верува дека уследиле неколку десетици смртни случаи токму поради ледениот бран.

Локалните власти стравуваат дека бројот на жртвите може да биде значително поголем, но дека телата на потенцијално мртви сè уште не се пронајдени.А.Р.