Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан.

Во разговорот двајцата соговорници размениле мислења и информации поврзани со актуелните политички состојби во регионот, значењето на регионалната соработка, процесот на проширување на Европската Унија, како и за помошта која Унијата и земјите-членки им ја укажуваат на земјите во регионот во борбата со пандемијата на КОВИД-19.

Претседателот Пендаровски констатирал дека со назначувањето на специјалниот претставник, Европската Унија, по одлуката за отворање на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија испраќа дополнителен позитивен сигнал дека Регионот е меѓу приоритетите на Унијата.

Претседателот Пендаровски изразил поддршка за мисијата на специјалниот претставник Лајчак и истакнал дека придонесот на Европската Унија е повеќе од потребен со цел изнаоѓање прифатливо решение во рамки на дијалогот Белград – Приштина.

На крајот, честитајќи му го неодамнешното назначување на одговорната позиција, претседателот Пендаровски на специјалниот претставник Лајчак му посакал успех во работата. А.Р.