Темата „Кога љубов имам“ на Горан Папаз доби и свој видео запис. Песната „Кога љубов имам“ е работена заедно со продуцентот и композитор Гоце Симоноски, а е снимена во студиото на Лазар Цветкоски, „LCV Production“.

Музиката е на Горан Папаз, а аранжманот е на Гоце Симоноски.

-Се работи  за ведра тема во која се појавуваат и женски вокали. Инспирацијата за истата е љубовта кон се што е околу нас, т.е. се што не опкружува, а не прави среќни – вели Папаз.

Како главен протагонист во видеото се појавува моделот Емилија Малезан, а снимањето траело два дена на две локации.  Видеото е снимено и режирано од страна на Ѓоле Наумовски и „Мега Продукција“. А.Н.