Фото EPA

Тесла ќе повлече 123.000 возила од најпродаваниот модел S поради проблеми со управувачкиот механизам, ги информираше купувачите во петокот по е-пошта производителот на овие електрични возила.

Повлекувањето на автомобилот, најголемо досега изведено од компанијата на милијардерот Елон Маск, се однесува на моделите на луксузни лимузини произведени пред април 2016 година. Тесла утврди дека во поладно климатско опкружување, шрафовите на управувачкиот механизам многу брзо кородираат, поради што управувањето со возилото станува тешко.

Компанијата, исто така, соопшти дека нема опасност за возачите и дека тие би можеле да продолжат да го возат својот автомобил. Засега нема извештаи за несреќи или повреди кои би можеле да бидат поврзани со наведената грешка.

Во вторникот, акциите на Тесла забележаа голем пад откако американската влада објави дека ја испитува минатонеделната фатална несреќа во која учествуваше нивниот модел X SUV.