Според резултатите од преброените гласови од 99,7 избирачки места, сегашниот претседател Анджеј Дуда победи на вториот круг од гласањето што се одржа вчера, објави Националната изборна комисија на Полска. Според комисијата, Дуда, кој ја има поддршката на владејачката партија Закон и правда (ПИС), доби 51,2% од гласовите, победувајќи го својот противкандидат Рафал Часковски со мала разлика.

Комисијата посочува дека преостанатите гласови што допрва треба да бидат обработени нема да влијаат значително на резултатот.

Опозицискиот кандидат Часковски доби 48,8% од гласовите. Полската опозициска група Граѓанска платформа, од која е кандидат, објави дека при гласањето собирале информации за евентуални нерегуларности.

Аналитичарите сметаат дека поради тесниот резултат, двете страни би можеле да побараат мислење од Врховниот суд.

Поради мерките на претпазливост воведени поради пандемијата на корона вирусот, полските гласачи беа во можност да гласаат по пошта за прв пат на овие избори. А.Р.