Најмалку 17 лица загинаа, а еден патник го преживеа падот на товарен авион во населениот дел на Џуба, веднаш по полетувањето од аеродромот во главниот град на Јужен Судан.

Еден очевидец наведува дека авионот, сопственост на компанијата „South West Aviation“, полетал од аеродромот во Џуба, но се урнал во густо населениот дел од главниот град на Јужен Судан неколку минути по полетувањето.

Според тој очевидец, преживеаниот патник на авионот е во критична состојба и бил пренесен во најблиската болница, пренесува порталот „Биг њуз“.

Властите најавуваат покренување истрага за оваа трагична несреќа. А.Р.