Фасцинантна легенда нѝ раскажа Влатко Плевнеш, во пресрет на нивната синоќешна промоција на забавен албум, песна, и спот и обработка на традиционалната песна позната како “Ја излези стара мајко” или “Осман бегот” , дека момата која била вљубена во бегот го гледала од пенџерето на нивната семејна куќа во Охрид. Дознаваме дека таа наводно била од фамилијата Поп Стефанија и доживееала длабока старост над 90 години, но забранетата љубов со Осма не се остварила туку татко ѝ ја дал за друго момче. Во таа стара куќа, која Плевнеш ја купиле многу одамна од извесни охриѓани варошани, спиел и кралот Караѓорѓевиќ, потоа долго живеело охридското семејство Плевнеш, а денес ѝм е само летниковец, во кој свртуваат во летниот период.

Тоа е повод во денс манир да ја снимат својата верзија на песната “Ја излези стара мајко”, да снимат и спот во Охрид и прекрасните широчини на езерото и Свети Наум, и синоќа заедно со својот осми албум да го промовираат пред пријателите и новинарите, во кафулето “Филхармонија”.

-Сите сте наше семејство, никој овде ене е не е случајно, се обрати Влатко. И Силви топло ги поздрави присутните, а водителката Ирена Спировска потсети дека оваа музичка двојка е 33 години во брак и малку подолго од тоа во љубов.

Албумот е насловен “Како во сон”, има 10 песни и бонус нумера е “Ја излези стара мајко”. Аранжер на сите е Влатко, Силви е авторка на текст и музика речиси на сите песни, една песна “Како во сон” е во композиторство на нејзиниот брат Бобан Мучиќ, а на неа ѝм гостува нивниот побратим Џон Илија Апелгрин како вокал и Дамјан Пејчиновски на гитара. На албумот е застапена и преработка на песната која ги прослави “Ангели ме носат”, на авторот Драган Вучиќ и текст Ѓоко Георгиев, а во аранжманот освен Влатко тука е и Диџеј Партимен. “Неразделни”, “Не лажи ме”, “Најмил мој”, “Засекогаш”, “На Велигден”, “Љубовна приказна”, се и други наслови на песни од овој љубовен албум.

Валентина Ѓоргиевска Парго
Фото: Митко Јанев