четврток, април 25, 2024
домаТорнадо го погоди германскиот град Кил, повеќе луѓе повредени

Торнадо го погоди германскиот град Кил, повеќе луѓе повредени

Силно торнадо синоќа го погоди германскиот град Кил кој се наоѓа на брегот на Балтичкото море и остави голема штета зад себе. Седум лица беа повредени, а градот беше целосно опустошен.

Снимките објавени од жителите на социјалните мрежи покажуваат како торнадото се приближува, а потоа ги отстранува покривите од куќите. Во воздух летале и чамци, а полицијата соопшти дека неколку луѓе завршиле во вода по силен удар на ветерот.

Итните служби ја поминаа целата ноќ на терен, во голема акција за спасување луѓе и санирање на штетата.

Во Германија годишно се регистрираат помеѓу 20 и 60 торнада. Синоптичарите наведуваат дека ова не можело да се предвиди. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ