Анкетите на јавното мислење во САД покажуваат дека изборната ноќ ќе биде долга и напната. Трката за Овална канцеларија е во рамките на 10 проценти, а во клучните сојузни држави, за кои американските аналитичари веруваат дека ќе одлучат за изборите, таа е уште помала.

Демократскиот кандидат Џозеф Бајден има поддршка од 52 проценти, додека Трамп е поддржан од 42 проценти од Американците на национално ниво.

Во т.н. „свинг стејтс“, кои ги вклучуваат Аризона, Колорадо, Флорида, Џорџија, Ајова, Мејн, Мичиген, Северна Каролина, Охајо, Пенсилванија, Тексас и Висконсин, разликата е само 6 проценти, од 51 до 45 проценти, пренесува „Дејли мејл“.

Во ваква ситуација со мала разлика, која се намали од 10 на 6 проценти, значително се зголемија шансите на Трамп да го повтори успехот од 2016 година и да го победи (како тогаш фаворизираната Хилари Клинтон) Џозеф Бајден, кому медиумите и анкетите од почетокот му даваат повеќе шанси за влез во Белата куќа.

Ситуацијата е толку комплицирана што анкетите меѓу оние кои гласаа порано му даваат на Бајден предност од 61:35 проценти, а меѓу оние што ќе излезат на денот на изборите, Трамп води убедливо 61:32!

Истражувањето спроведено од заедничките демократи и републиканци покажува дека довербата на Трамп кај пензионерите и жените е намалена, додека тој е „цврст како карпа“ меѓу белата работничка класа.

Гласачите негодуваат за водењето на земјата на Трамп, за соочувањето со короната, но тие му даваат целосна поддршка кога е во прашање економијата.

И двајцата кандидати имаат уште денес да водат кампања, и двајцата одлучија да го сторат тоа во сојузните држави каде сакаат сигурна победа, а може да се лизнат на другата страна. Трамп – во Северна Каролина, Пенсилванија и два во Мичиген, а Бајден во Пенсилванија и Охајо.

За американските избори, сепак, не се одлучува со директни гласови, туку со индиректна форма на демократија – Изборен колегиум, кој брои 538 членови. За победа е потребно мнозинство од 270 гласови. Во сите, освен во две американски држави, победникот во државата ги освојува сите гласови на избирачите во таа држава, а најнаселените држави имаат најмногу избирачи.

Националната предност на Бајден делумно произлегува од големата предност што ја има во двете најнаселени држави кои скоро сигурно ќе ги освои – Калифорнија и Њујорк, додека Трамп скоро сигурно ќе победи низ помалите републикански држави во земјоделскиот и руралниот центар на земјата. А.Р.