President Donald Trump arrives to speak at the White House, Thursday, Nov. 5, 2020, in Washington. (AP Photo/Evan Vucci)

Сеуште актуелниот претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на празничниот прием во Белата куќа, навести дека може повторно да се кандидира за претседател во 2024 година.

“Поминаа неверојатни четири години. Се обидуваме да имаме уште четири. Инаку, ќе се видиме за четири години”, рече Трамп обраќајќи им се на насобраните, меѓу кои имаше и многу членови на Републиканскиот национален комитет.

На снимката се гледа како Трамп зборува за изборни измами, иако државниот обвинител Вилијам Бар за АП претходно изјави дека Министерството за правда не откри докази за широко распространета изборна измама и дека не забележал ништо што може да го смени резултатот од изборите оваа година.

“Дефинитивно е невообичаена година. Ние победивме на изборите. Но, не им се допаѓа тоа. Јас ги нарекувам наместени избори и секогаш ќе го правам тоа”, рече Трамп.

Видеото, објавено на Фејсбук од страна на еден од гостите, поранешниот претседател на Републиканската партија во Оклахома, Пем Полард, покажува десетици луѓе собрани во салата на Белата куќа, кои стојат близу еден до друг. Многу од нив не носеле заштитни маски, наведува АП. А.Р.