Првиот бицир во Виена е блокиран по вчерашниот терористички напад насочен кон недолжни цивили. Четири лица се убиени, а повеќемина се повредени. Во недостиг на официјални информации, според амбасадорот на Босна и Херцеговина во Виена, Кемал Козариќ, а кој се повикува на „информации од некои портали“, напаѓачот можно е да е од Северна Македонија, поранешен припадник на ИСИС, од албанска националност, пренесува Ал Џезеира. Напаѓачот е убиен. Локалните власти и европските сојузници: Франција, Унгарија, Германија, (Макрон) најостро го осудија нападот и понудија поддршка и помош. Порака со поддршка до австрискиот канцелар и осуда на нападот упати и Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев. Н.Д.