Компанијата „Јунајтед ерлајнс“ има намера да отпушти 36.000 работници. Таа, како и другите авиокомпании, е тешко погодена од пандемијата на корона вирусот.

„Јунајтед ерлајнс“ е третата по големина авиокомпанија во светот. Меѓу 36.000 работници кои планира да ги отпушти се наоѓаат 15.000 стјуардеси, 11.000 работници кои пружаат сервисни услуги, 5.500 работници за одржување и 2.250 пилоти, пренесува порталот „Кликс“.

Корпорацијата предупреди неколку месеци порано дека ќе биде принудена да даде голем број откази доколку авио сообраќајот не функционира пред октомври. Американските власти веќе обезбедија милијарди долари помош за авиокомпаниите.

Фактот дека тие имаат само една четвртина летови во однос на нивниот број од минатата година зборува за сериозноста на проблемот со кој се соочуваат.

Компанијата соопшти дека тие неволно решиле значително да го намалат бројот на работни места. Тие тврдат дека направиле сè за да спречат тоа да се случи. Голем број работници се на неплатено отсуство од почетокот на пандемијата. А.Р.