Вицепремиерката на Русија, Татјана Голикова, најави дека третата регистрирана вакцина против корона вирусот во Русија „КовиВак“ на центарот „Чумаков“ ќе биде пуштена во цивилен промет на 28 март, ги пренесува „Спутник“ руските медиуми.

На крајот на март ќе започне зголеменото производство на вакцината против ковид-19 „ЕпиВакКорона“ од центарот „Вектор“, односно половина милион дози ќе бидат пуштени во цивилен промет, прецизира Голикова, пренесува „Спутник“.

Таа рекла дека повеќе од 12 милиони комплети дози на вакцината „Спутник V“ ќе бидат достапни во април. А.Н.