четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗдравјеТројца заболени од корона вирусот со благо влошена состојба, се чека резултат...

Тројца заболени од корона вирусот со благо влошена состојба, се чека резултат за уште едно лице

Состојбата на шест заболени кои се наоѓаат на Инфективната клинија е стабилна, а кај тројца има лесно влошување, потешкотии со дишењето, лицата се над 56 години и им се интезивира терапијата, соопшти на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека едно лице кое што било во Германија е тестирано за корона вирус и резултатите ќе бидат готови за неколку часа. Пациентот утринава се јавил на Инфективна со висока температура иако од Германија се вратил здрав.

Министерот соопшти и дека од денеска  Клиниката за дерматовенерологија има нов директор, откако претходната директорка заболена од корорна вирус беше разрешена бидејќи  доаѓала на работа и била на симпозиум предизвикувајќи ризик од зараза кај над 100 лица. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ