Корона вирусот и прогласената епидемија во Италија ги отвори прашањата што со турите кои се резервирани и за кои многу македонски граѓани имаат платено!

Од Стопанска Комора за Туризам на Северна Македонија информираат дека ТА се исто така загрижени околу новонастаната ситуација, но дека тие ќе ги обештетуваат патниците според општите услови за патување. Тоа значи дека во зависност од тоа во кој период од уплатата ќе се откажат толку ќе бидат обештетени. Ова се должи на тоа што агенциите однапред ги имаат платено хотелите и дека досега немаат добиено информација дека италијанските хотелиери ќе им ги вратат парите. Од Комората потврдуваат дека се обидуваат да стапат со МНР и нашите дипломати во Италија и да се обидат да разговараат на оваа тема, но засега безуспешно. Доколку македонската влада не ги обештети ТА, тогаш тие една по една ќе почнат да затвораат во услови на откажување на аранжмани кои се уплатени пред неколку месеци.

Од комората информираат дека за жал ТА немаат осигирителни полиси на аранжмани, што значи дека при откажување на аранжманот немаат поврат на средства.

Тоа значи сите оние кои уплатиле навреме или што е можно побрзо да го откажат патувањето за Италија за да имаат поголем процент кој ќе им биде обештетен.