In this photo taken on Thursday, June 14, 2018, Turkey's President Recep Tayyip Erdogan delivers his speech during an election rally in Yalova, Turkey. The most powerful and polarizing leader in Turkish history is standing for re-election in a presidential vote on Sunday that could cement Turkey's switch from a parliamentary to a presidential system, which was narrowly approved in a referendum last year. (AP Photo/Lefteris Pitarakis)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган победи на претседателските избори, на кои освои нов мандат, но овој пат со извршната власт.

„Државата ми ја довери одговорноста на претседателството и на извршната канцеларија“, изјави 64-годишниот Ердоган во својот говор во Истанбул.

Портпаролот на турската влада, Бекир Боздаг на својот профил на Твитер, соопшти дека турскиот народ го избра Ердоган како прв претседател на Турција кој ќе има извршна власт во рамките на новиот систем. Според овој систем, функцијата на премиерот е укината.

Промените што ќе ги донесе претседателскиот систем во Турција, за кој се определи мнозинството луѓе минатата година на референдум, се однесува на законодавството, овластувањата на претседателот, правосудството цивилно и воено, како и на Уставниот суд.

Бројот на пратеници од 550 ќе се зголеми на 600. Старосната граница за избор на пратеници од 25 години ќе се намали на 18 години. Парламентарните избори ќе се одржуваат на секои пет години, а истиот ден ќе се одржат и претседателски избори. Претседателот ќе може да биде биран на два мандати едно по друго, што значи дека Ердоган може да биде претседател и во следниот мандат од пет години, ако се кандидира.

Турција веќе нема да има премиер и претседателот во власта ќе може да да кооптира политички партии кои на последните општи избори заедно или посебно освоиле најмалку пет отсто од гласовите или поединец кој успеал да собере потписи од најмалку 100.000 избирачи.

Претседателот ќе може да донесува претседателски декрети за извршната власт. Во случај на мобилизација, бунт, обиди за државен удар против татковината или републиката, ширењето на насилство, од надвор или внатре, против државата и нацијата, претседателот ќе биде во можност да прогласи вонредна состојба. Исто така, претседателот сам назначува еден или повеќе негови соработници. Работата на претседателот е под контрола на парламентот, објави претходно ТРТ.

Според постојниот Устав, против претседателот кој не покажува одговорност кон парламентот, со аргумент дека е сторено кривичното дело, со мнозинство гласови на пратениците Големото национално собрание на Турција (ВНСТ) ќе биде во можност да предложи поведување на постапка.

Претседателските прописи издадени во вонредна состојба нема да бидат ограничени со прописите што се однесуваат на редовната состојба во земјата. Предлог-законот за буџетот претседателот ќе го предложи на Големото национално собрание на Турција (ВНСТ).

Високиот судски и обвинителски совет ќе биде преименуван во судски и обвинителски совет и ќе има 13 членови и две канцеларии, од кои еден дел ќе ги избира претседателот, а поголем дел Големото национално собрание, додека советникот на Министерството за правда ќе биде постојан член на советот.  Бројот на членови на Уставниот суд ќе се намали од 17 на 15. Воените судии ќе можат да формираат дисциплински, но не и воени судови.

Инаку, Ердоган беше избран за претседател во август 2014 година, откако помина повеќе од една деценија како премиер. Овие промени ќе му овозможат на Ердоган да стане водач на владејачката Партија на правдата и развојот, во чие основање учествуваше.