epa08786511 Rescue workers and people search for survivors at a collapsed building after a 7.0 magnitude earthquake in the Aegean Sea in Izmir, Turkey, 30 October 2020. According to Turkish media reports, at least six people died while hundreds were injured and dozens of buildings were destroyed in the earthquake. EPA-EFE/STRINGER

Турција денес ја заврши операцијата за спасување по силниот земјотрес што ги погоди Измир и грчкиот остров Самос во петокот, во кој животот го загубија 116 лица.

Спасувачките операции во 17 оштетени и срушени згради се завршени, а екипите ги расчистуваат урнатините, потврдија надлежните органи.

Во земјотресот загинаа 114 лица во Турција, додека двајца тинејџери го загубија животот на грчкиот остров Самос, потсетува Ројтерс.

Во Измир 1.035 лица се повредени, додека 137 лица се уште се во болница.

Повеќе од 2.790 шатори се поставени како привремено засолниште за жртвите од земјотресот, а обезбедени се над 10.222 легла.

Властите потврдија дека 22 бродови потонале и 43 се насукале, од кои 40 биле извлечени од спасувачки екипи.

Земјотресот што ја погоди Турција во петокот е најсилниот земјотрес забележан во оваа земја во скоро десет години. Турската агенција за справување со катастрофи и вонредни состојби соопшти дека земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер бил проследен со дополнителни 1.855 потреси. А.Н.