Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, а сите останати мерки продолжуваат на сила, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Како што посочи, согласно проценката на епидемиолошката состојба, ќе се разгледува и барањето на угостителите за работа до 23:00 часот.

Работното време до 18:00 часот беше ограничено поради спречување на натамошното ширење на КОВИД-19 вирусот во текот на празниците. А.Н.