Антитеррористичката полиција ширум Европа беше предупредена дека исчезна  камион со 34.000 литри хемикалии што се користат за производство на бомби. Камионот бил украден во Белгија и се стравува дека материјалот може да се употреби за правење експлозив, објави британски “Сан”.
Според уште непотврдени извештаи, крадците ги смениле регистарските таблички за да може полесно да ја напуштат Белгија. Во камионот е транспортирана материја позната како “радијацид“, што е вообичаено име за производите на компанијата „Олеон“, со седиште во Белгија.
Интерпол ги извести антитерористичките полициски единици ширум Европа откако возилото беше украдено од белгискиот град Зегелдем во саботата.