Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, денеска го укина полицискиот час во градот, еден ден порано од планираното.

Тој исто така најави дека првата фаза од повторното отворање ќе започне во градот утре, по рестриктивните мерки воведени како резултат на сузбивање на епидемијата на корона вирусот.

Полицискиот час беше воведен поради насилство, грабеж и материјална штета за време на протестот за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

“Град Њујорк: Го укинуваме полицискиот час, одлуката стапува на сила веднаш. Вчера и ноќта претходно, го видовме најдоброто лице на нашиот град”, изјави Де Бласио на Твитер.

Тој го најави „првиот голем чекор кон рестартирање“ од утре и ги повика граѓаните да се грижат за себе и за другите. А.Р.