Украина пријави жариште на високо патоген птичји грип кај птиците во јужниот дел на земјата, денес во Париз објави Светската организација за здравје на животните (ОИЕ).

Цитирајќи извештај на украинското Министерство за земјоделство и храна, ОИЕ наведува дека е откриено дека вирусот е серотип Х5, но не даде други детали, објави Ројтерс.

Птичјиот грип брзо се шири во Европа, поради што секторот живина е во состојба на готовност, бидејќи во текот на претходните години кога избувнуваа жаришта беа застрелани десетици милиони птици. А.Р.