Познатиот струмичанец кој ја сака песната и уметноста, Коста Бургов деновиве доби ново изненадување, овој пат уметичка слика со неговиот лик, насликана од уметничките раце на Трајан Петров од Миравци. На сликата Коста не е сам, по негова желба тој е заедно со Меланија Трамп.
Со оваа слика само се продолжува трендот на Бургов, да се става рамо до рамо со светските личности, да прави фотомонтажа со познати личности, од холивудскиот свет, но да и снима песни посветени на легенди, како Мерилин Монро, Грејс Кели, Шерон Тејт, Елвис Присли, Елизабет Тејлор, Софија Лорен и многу други.
Овој песнољубец има и кукла со негов лик, скулптура, изработена од познат латино уметник.
Интересно и е што уметници без граници и новинарите сосема го сфаќаат и прифаќаат сензибилитетот и желбите на Косте, но државата, вели тој нема чувство за неговиот проблем и не му ја одобрува пензијата од родител која му се следува, па живее во егзистенцијална агонија. Се бори на свој начин, редовно се јавува по отворени ТВ емисии, им се обраќа на новинари, им пишува на одговорни луѓе, но засега се уште е во мака, пари нема, а за работа не е повикан да работи колку да се снајде, соодветни на неговите персонални способности, па мора спас од внатрешниот немир да бара во вакви задоволства.
 
Воедно, еден струмички доктор и една новинарка изработија книга за Коста Бургов, која наскоро ќе биде објавена. В.Ѓ.