Унгарската влада соопшти дека воведува нов данок за мултинационалните трговски ланци и банките за зголемување на приходите на државниот буџет во борба против пандемијата на коронавирус.

Трговските ланци ќе треба да платат вкупно 106 милиони долари нов данок, а банките 162 милиони. Општинскиот данок на возила во износ од 100 милиони американски долари, кој и инаку се плаќа, ќе биде насочен во централниот буџет заради здравствени потреби. Политичките партии ќе добијат двојно помалку од вообичаеното од парите од државниот буџет, со што ќе се заштедат 3,5 милиони долари.

Вработените во здравството ќе добијат бонус од околу 1.500 долари секој на почетокот на летото.

Мерките за помош на економијата проценети на околу 20 проценти од БДП на Унгарија ќе бидат објавени на почетокот на следната недела.

Во Унгарија, вкупно 678 луѓе се заразени со коронавирус, а 32 лица починале. А.Р.