Пандемијата на коронавирус ќе убие најмалку 300.000 Африканци и ќе турне 29 милиони од нив во екстремна сиромаштија, соопшти денеска Економската комисија на ООН за Африка (УНЕЦА), повикувајќи се на безбедносна мрежа од 100 милијарди американски долари, пренесува Хина.

Постојат околу 20.000 потврдени случаи на инфекција со коронавирус во Африка, што е малку во споредба со остатокот од светот, каде што се заразени два милиони луѓе. Светската здравствена организација (СЗО) во четвртокот предупреди дека може да има 10 милиони случаи во Африка за три до шест месеци.

Четири можни сценарија
„Потребни се 100 милијарди американски долари за да се заштити и изгради нашата заедничка благосостојба за да се создаде здравствена и социјална безбедносна мрежа и тоа веднаш како одговорна пандемијата“, се вели во извештајот на УНЕЦА.

Агенцијата на Обединетите нации го поддржува и повикот на африканските министри за финансии за дополнителни 100 милијарди американски долари помош, што би вклучувало прекинување на надворешниот долг.

УНЕЦА гледа четири сценарија засновани на нивото на превентивно дејствување на африканските влади.

Без овие интервенции, студијата предвидува дека повеќе од 1,2 милијарди Африканци ќе бидат заразени годинава и 3,3 милиони ќе умрат. Вкупното население на црниот континент е околу 1,3 милијарди.

Меѓутоа, поголемиот дел од Африка веќе воведе мерки на социјална оддалеченост, од полициски час и патни контроли до целосни карантини. Но, во најдобро сценарио, каде што сите влади ги спроведуваат мерките, на Африка и се заканува дека ќе има  122,8 милиони луѓе зараземи, 2,3 милиони хоспитализирани и 300 000 мртви.

Борбата против вирусот ја отежнува фактот дека 36 проценти од Африканците немаат услови за хигиена, пристап до вода и санитација и континентот има само 1,8 болнички кревети на илјада жители. На пример, во Франција. тој сооднос е 5,98 на илјада.

Позитивниот факт е дека во Африка скоро 60% од населението е под 25 години, што го прави поотпорен на вирусот.

Африка увезува 94 проценти од лековите, предупредува УНЕЦА, а скоро 71 земја го забрани или ограничи извозот на залихи за кои сметаат дека се неопходни за борба против вирусот.

„Во најдобар случај, ќе бидат потребни 44 милијарди долари за тестирање, заштитна опрема и хоспитализација“, велат од агенцијата.

Африка ги нема тие средства и пандемијата може да ја намали нивната економија за 2,6 проценти, се вели во проценката на УНЕЦА.

„Ние проценуваме дека меѓу пет и 29 милиони луѓе ќе бидат под нивото на екстремна сиромаштија“.

Само Нигерија, најнаселената држава во Африка, ќе изгуби од 14 до 19,2 милијарди американски долари приходи со намалувањето на извозот на нафта.

Карантините во Европа и САД исто така се закануваат на 15 милијарди американски долари годишен извоз на текстил и облека, а страда и туризмот, што претставува 8,5 проценти од БДП на годишно ниво во Африка.

Н.Д.