четврток, април 25, 2024
домаЖивотСцена"Уни бенд" снимија "Тешка песна" -фантастична! 

“Уни бенд” снимија “Тешка песна” -фантастична! 

Насловена како “Тешка песна”, новото остварување на “Уни бенд” деновиве доживеа медиумска промоција. Амбициозна автентична македонска етно мелодија, по текст и музика на Тони Узунов, аранжманот и изведбата на “Уни бенд” , а снимена е во нивното студио.
Видеото е изработено во Радио Валандово. Вистинско нежно уживање со македонски мелос. 
“Уни бенд“ е музички состав кој негува и прави музика исклучиво на жичени инструменти. 
Водач на бендот е композиторот и ритам гитарист Тони Узунов. Соло гитари, тамбури, мандолини и примови свири Душко Костадинов, а негов партнер во соло делниците е гитаристот Петар Понов. 
Бас гитара свири Петар Јованов, а ударни инструменти Бобан Тошевски. Вокални солисти се Лилјана Прнаркова и Влатко Вучков.
Нивното огнено кршевање беше на „Филиграни 2016“, а на „Еврофест 2017“ со песната „За Јанко“ (Узунов) освоија  Гран при. Истата награда, Гран при, беше повторена и на годишниот концерт на музичката школа „Узун“. 
Планираат да го издадат своето прво цеде,  имаат намера да обработат некои стари народни песни од Егејска Македонија, малку познати кај нас. 
За “Тешка песна” деновиве, заслужено добија, грст комплименти. 
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ