По одлуката на офиацијална Грција да престане да прифаќа барања за азил, Агенцијата за бегалци на Обединетите нации соопшти дека Грција нема право на таквата одлуја.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави во неделата дека неговата земја нема да прифаќа нови барања за азил еден месец по дводневните судири меѓу граничната полиција и илјадници луѓе кои бараат да влезат во ЕУ од Турција.

„Важно е властите да се воздржат од какви било мерки што можат да го зголемат страдањето на ранливите луѓе“, се вели во соопштението на УНХЦР.

„Сите држави имаат право да ги контролираат своите граници и да управуваат со неправилни движења, но во исто време треба да се воздржат од употреба на прекумерна или непропорционална сила и да одржуваат системи за постапување со барањата за азил на уреден начин“.

Агенцијата на ООН соопшти дека ниту меѓународното, ниту законодавството на ЕУ не обезбедува „никаква правна основа за прекин на приемот на апликации за азил“.

Неговата изјава се наметна откако ЕУ се обидува да и помогне на грчката полиција на границата со Турција и се обидува да изврши притисок врз Ердоган да ги врати назад бегалците и мигрантите навлезени на нејзината територија кои бараат да стигнат до Европа.

И додека ООН не прифааќат прекин на обработка на барањата за азил, грчката влада  ја брани својата откако илјадници мигранти се собраа на границата во обид да влезат во ЕУ од Турција велејќи дека тоа е одговор на „вонредни и исклучителни ситуации“.

„Итните состојби што се појавија на границата, го прават испитувањето на барањата за азил – строго индивидуален процес – невозможни“, се вели во соопштението на владата.

Грција одговорајќи на реакцијата на УНХЦР, вели дека „во сегашните услови ние сме целосно во рамките на меѓународната заштита на бегалците, што се заснова на изолирани и индивидуални апликации“.

Во однос на законитоста на одлуката донесена според меѓународното и европското право, владата забележа дека во меѓународните договори има одредба за привремени мерки како одговор на вонредни состојби и вонредни ситуации.

„Во овој случај, постои колективно движење на населението, организирано од странска држава, за одредени дипломатски цели со јасно кршење на меѓународното право и заедничката изјава ЕУ-Турција“, истакна владата, додавајќи дека ќе преземе чекори да се заштити интегритетот на грчката држава се додека не се врати состојбата на нормалноста на грчката граница.

„Поради оваа причина, суспендирањето на прифаќање на барања за азил е мерка што е апсолутно неопходна и разумна и е поддржана од меѓународното право“, додаде владата.

Н.Доковска