Порака за мир и апел против употреба на нуклеарно оружје, денеска, 6 август, упатија неколку поборници за мир, заедно со уметникот хуманист Живко Поповски – Цветин.
На 6 август 1945 години беа употребени атомски бомби над Хирошима,  и на 9 август врз Нагасаки,  Јапонија, кога загинале меѓу 129.000 и 226.000 луѓе, од кои повеќето биле цивили, недолжно население, и останале единствената употреба на нуклеарно оружје во вооружен судир.
Во спомен на тој кобен ден за човештвото денес пораката за мир беше испратена од паркот во Капиштец, од страна на уметникот Цветин, професорот Насер Мифтари, интернационален шаховски мајстор  Димитар Илиевски, новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго, професорката по македонски јазик Соња Попоска, пензионерка Олга Поповска, но и најмалиот и најважен член, четиригодишниот Марко Поповски.
 Беа пуштени и четири балони со пораки за мир, а Цветин ја изрецитира поезијата од турскиот поет Јалвач Урал, која гласи:
“За љубовта” – Светот е една голема топка на малечките, сакам да кажам, децата со неа убаво си играат, а возрасните ми се чини еден ден оваа голема топка ќе ја пукнат”
Цветин ги поздрави и спортистите во Токио, нагласувајќи дека спортот е мост за зближување на сите народи и своевиден апел за мир.
https://youtu.be/lpkqpy-rhSI