Од утре почнува запишувањето на децата вопрво одделение.  Освен документите за упис, родителите треба да се погрижат нивните деца како и самите тие да носат заштитна опрема од коронавирусот, односно без маска и ракавици нема да им биде дозволено да влезат во училишните објекти.

Секоја општина има свои протоколи псоред кои ќе ги запишува децата во училиште, а се цел како да се справат со ширењето на епидемија.

Според протоколот што го доенсе општина Аеродром освен средства за дезинфекција, имаат предвидено и мерење температура на родителите и децата. Пред влезот на секое училиште ќе има поставено средство за дезинфекција на обувките и рацете, како и едукативно-инфотмативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки.

На сите родители и деца кои имаат закажан термин за упис, и тоа во интервали од 20 минути, на влезот ќе им се мери температурата со дигитален топломер. Родителите задолжително треба да носат заштитна маска на лицето и ракавици и да одржуваат физичко растојание. Исто така, треба да знаат дека е строго забрането групирање на присутните во училиштето.

Разговорот со секое дете што се запишува во прво одделение ќе се врши во определена просторија за таа намена, која овозможува најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните. Во неа може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од родителите или старателите на детето. Просторијата почесто ќе се проветрува, по можност за време на разговорот и задолжително во текот на паузите.

По завршување на секој разговор просторијата ќе се исчисти и со специјално средство против вируси ќе се дезинфицираат работната површина на која се работело со детето и подот. Во оваа просторија и на излезот од училиштето ќе бидат поставени корпи за отпадоци со капак.

Општината апелира да се почитува овој протокол за упис на првачињата, изготвен во согласност со препораките на Министерството за образование и наука.

И општина Центар со свој протокол за заштита на децата и родителите при упис на првачињата. Родителите по електронски пат треба да аплицираат за упис во прво одделение, за што веќе е изготвен систем во текот на овој месец, на ниво на сите основни училишта во општина Центар. По аплицирањето треба да добијат термин за тестирање и упис.

Протоколот вклучува дезинфекција на рацете и чевлите на родителите и на идните првачиња, мерење на температурата, ракавици и маски за родителите, дистанца од 2 метри меѓу тестаторите, децата и родителите во текот на тестот.  Идните ученици треба од дома да носат боички за тестот. Доколку децата заборавиле боици од дома,  ќе добијат од училиштето , но тие нема да се користат за тестот на следното дете. Таа се надева дека овие протоколите, направени согласно препораките на КЗБ и МОН, ќе се применат и во други училишта во Скопје и државата.

Н.С.