Денес, 21 декември (четврток) во 20 часот, во просторот на Мобилната монтажна Галерија ќе биде отворена изложбата на фотографии и документација од „Урбaните уметнички акции“.

Изложбата се состои од повеќе од 40 фотографии од урбаните акции работени изминативе 2 години со посебен акцент на најпрепознаените акции спроведени во текот на 2017-та година.

1(1)_2Идејата на проектот Урбани уметнички акции е да ги открива, реагира, комуницира па дури во некои случаи делумно да ги решава локалните проблеми со кои граѓаните се соочуваат преку заеднички организирани акции на уметниците, архитектите (особено проблемите од сверата на урбанизмот и инфраструктурата) активистите, невладиниот седктор и граѓаните кои се соочени со проблемот.

Проектот е базиран на партиципативните модели на решавање на урбаните (комунални) проблеми преку спроведување најразлични креативни акции, кои покрај директните пораки за решавање на детектираните проблеми, ќе овозможат и 6(6)(1)едукација и поврзување на граѓаните со уметниците/архитектите и граѓанските активисти и нивен заеднички настап за решавање на други нови проблеми.

Едновремено проектот користи уметнички пристапи и уметничка реализација и продукција за позитивно да влијае на урбаниот пејзаж вообличувајќи го и давајќи му додадена вредност со нови и иновативни естетски решенија.

Урбаните акции се  идеја и концепт на Центарот за Современи уметности а се поддржани од: Програмата за акциски грантови на Цивика Мобилитас, Европска културна фондација и Фондација Отворено општество.

leb1_0