Првиот акциски план за родова еднаквост при Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC) беше усвоен на Конференцијата за климатски промени на ОН – COP23 во Бон во вторникот, 14 ноември. Севкупна цел на планот предложен од Конституенцијата за жени и род при UNFCCC, е да се поддржи и да се зајакне спроведувањето на родово базираните одлуки и мандати кои досега се усвоени во процесот при UNFCCC преку серија конкретни активности што треба да се спроведат во следните 2 години.

Специјален известувач од Бон за НЕА.
Специјален известувач од Бон за НЕА.

„Усвојувањето на Акцискиот план за родова еднаквост (GAP) е позитивен чекор напред. Со ова се потврдува дел од нашата работа на национално ниво, особено во врска со родовата интеграција во политиките и сличните шеми. Ние би биле среќни ако соработуваме со нашата влада на ниво на имплементација и се надеваме дека ќе ги затвориме поголемите празнини што ја попречуваат родовата нееднаквост со GAP“,  истакна Кајани Раџ од All India Women’s Conference.

Бриџит Барнс, ко-фокус точка на Конституенцијата за жени и род и ко-директор на Организацијата за животна средина и развој на жените (WEDO) вели: „Го поминавме времето за вистинска акција за родово правични климатски политики. Акцискиот план за родова еднаквост (GAP) служи како важен забрзувач во унапредување на бројните мандати за родова еднаквост што постојат при UNFCCC. Но, тестот ќе биде во имплементацијата. Владите ќе бидат одговорни, како во развиените земји за вложување сериозни средства во развој на родово сензитивни политики, така и во сите земји за исполување на човековите права преку нивните климатски планови. За вистински родово правична рамка за климатски промени, мора да продолжиме да бараме правда за клима од целиот процес “.

„Ситуацијата со Акцискиот план за родова еднаквост (GAP)е позитивна. Сепак, имајќи ја предвид итноста на климатската криза, особено во Азија и Пацификот, и Африка, треба да се зајакне акцијата и солидарноста од развиените земји во однос на залагање за финансирање на GAP, како и загуба и штета, нешто што е уште неизвесно во одлуките на COP 23“, истакна Шрада Шријаџа од Азиско-пацифичкиот форум за жени, право и развој (APWLD).

Динда Јура од „Solidaritas Perempuan“ од Индонезија посочи: „”Сега имаме Акциски план за родова еднаквост, како еден чекор од одредниците за родова еднаквост и зајакнување на жените преку вклученост на жените, како и родово чувствителни и одговорни политики и постапки во сите области на ублажување, адаптирање, градење на капацитети, трансфер на технологија, и финансии. Понатаму во спроведувањето треба да се размислува и да се работи на тоа како да се користи GAP и да се интегрираат принципите на родова правда и да се интегрира во политиките и акциите за клима, а особено на национално и локално ниво, да се осигура дека нема климатски политики и постапки со кои се кршат правата на жените и правата на жените можат да бидат заштитени во услови на климатска криза“.

„Акцискиот план за родова еднаквост е пресвртница во нашите долгогодишни напори за интегрирање на родот во меѓународниот климатски процес. Ако правилно се спроведе, се менаџира со ресурси и се следи, носи потенцијал да не доближи до постигнување на целосно, еднакво и значајно учество на жените во процесот при UNFCCC и развој и имплементација на родово одговорни политики за климата базирани врз човековите права во сите тематски области на процесот како на национално така и на суб-национално ниво“, вели Готелинд Албер, член на одборот на GenderCC – Жените за климатска правда и ко-основач на Конституенцијата за жени и род.

Присила М Акаппа, директорка на Програмата за животна средина на жените и родов експерт од делегацијата на Нигерија истакна дека „сега кога е донесен Акцискиот план за родова еднаквост (GAP), време е да се работи колективно од регионално на глобално ниво, воедно обезбедувајќи ресурсите да бидат достапни за целосна имплементација на GAP. Не може да си дозволиме неуспех, грасрут, домородното население и заедниците мора да бидат целосно интегрирани во GAP.“

„GAP е од суштинско значење, бидејќи сè уште има многу да се направи за да се премости „родовиот јаз“ и да има поефективни климатски политики! На пример, во финансирањето на климата, според извештајот на ОБСЕ за 2017, помалку од 5% од климатските фондови го имаат родот како главна цел. Така, приоритетите на жените се целосно занемарени, а жените немаат директен пристап до финансирањето за климата. И покрај тоа, многу иновативни решенија постојат на терен денес, кои треба да се зајакнат со директен пристап до Зелениот климатски фонд. Со превртување на патријархалниот систем наопаку, ќе можеме да ја достигнеме целта на Парискиот договор.“, порача Ана Баре од Интернационалната мрежа „Жените ангажирани за заедничка иднина“ (WECF).

Марта Бенавидес од социјалните движења од Ел Салвадор, Латинска Америка пак истакнува: „Жените биле во првите редови на човечкиот развој, бидејќи жените се грижат за планетата и за добросостојбата на природата и луѓето во нивните семејства и заедници. Акцискиот план за родова рамноправност е афирмација на тоа. Бидејќи тоа е афирмација на патот на домородните народи. Тоа беше историски долг за климатскиот процес. Сега очекуваме да работиме на основните елементи на климатскиот процес: ефикасно и итно да работиме за зачувување на глобалното затоплување под 1,5 ° C и ефикасно да се движиме на сите неопходни нивоа за праведна транзиција и да го обезбедиме тоа навистина и засекогаш за никој да не биде запоставен.“

Климатските промени се еден од најстрашните глобални предизвици на нашето време. Како што менувањето на температурите, временските обрасци и еколошките системи ги загрозуваат заедниците ширум светот, ефектите ќе се почувствуваат различно низ глобалниот Север и Југ, разните општествени класи, и помеѓу мажите и жените. Исто како што која било катастрофа може да ги влоши постојните социјални разлики, може да се очекува климатските промени да ги влошат разликите меѓу мажите, жените и родово неодредени поединци во однос на можностите, безбедноста, и општата благосостојба.

Покрај демнечката закана од климатските промени, разликите во однос на половите во врска со прашањата поврзани со животната средина веќе може да се забележат. Според Организацијата за животна средина и развој на жените (http://wedo.org), само 12% од федералните министерства за животна средина во светот се предводени од жени, од 2015 година. Жените сочинуваат во просек 43% од земјоделската работна сила во земјите во развој, и околу 50% во субсахарска Африка. Од 2010 година, само 15% од земјиштето во субсахарска Африка е во сопственост на жени. Жените се со поголема веројатност да бидат убиени од природни катастрофи и/или систематски се убиваат почесто од мажите. Во Малави, родовите нееднаквости во земјоделството чинат 100 милиони долари. При сегашната стапка на пораст, родовиот паритет во преговорите ќе биде постигнат само до 2040 година.

Акцискиот план за родова еднаквост претставува значајна можност за подобрување на квалитетот на животот на жените во светот, како и да се обезбеди нивната еднаква застапеност во политиките и планирањето за климата.

Конституенцијата за жени и род (WGC) е една од деветте групи на засегнати страни на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC). Основана во 2009 година, WGC сега се состои од 27 женски и граѓански организации за животна средина, кои работат за да се обезбеди гласовите на жените и нивните права да бидат вградени во сите процеси и резултати од UNFCCC рамката, за одржлива и правична иднина, за родовата еднаквост и женските човекови права да бидат клучни во тековните дискусии. Бидејќи WGC ги претставува гласовите на стотици и илјадници луѓе од целиот свет, членовите на Конституенцијата се присутни на секој состанок на UNFCCC и меѓусесиски, за заедно со Секретаријатот на UNFCCC, владите, набљудувачи од граѓанското општество и другите засегнати страни да се обезбеди правата на жените и родовата правда да бидат основни елементи на UNFCCC. Во оваа акција на Конституенцијата се придружуваат и други засегнати страни посветени на унапредување на женската човекови права, мирот и климатската правда.