Уставниот суд на денешната седница времено ја забрани владината уредба со која движењето на граѓаните постари од 67 години беше ограничено од 05:00 до 12:00 часот напладне, а на лица до 18 години досега беше дозволено движење од 12 до 19 часот.

Од утре и овие старосни групи на граѓани ќе можат да се движат како и останатите граѓани од 05:00 часот наутро до 19:00 часот.

Покрај времената забрана за ограничување на движењето за овие две категории, Уставниот суд поведе и постапка за овие ограничувања и на една од наредните седници ќе се гласа за уставноста на полицискиот час за младите и пензионерите со образложение дека мнозинството на судии сметаат оти мерката е дискриминаторска за двете категории на граѓани.  А.Р.