Соработката со сите клучни чинители во образовниот систем е многу битен сегмент особено кога учениците треба да имаат искуствени содржини од областа на животната средина, Александра Петровска, наставник ООУ Александар Македонски и активист во ГО ЗЕОООП.
Во насока на непходната соработка со сите чинители, НВО ЗЕОООП воспостави соработка со М.р Мими Кратовалиева Станикевска од Државна фитосанитарна лабараторија. Во рамки на таа соработка во ООУ Александар Македонски беше реализирана работилница на тема: УЛОГАТА НА ИНСЕКТИТЕ ВО ЕКОСИСТЕМОТ. Најмладите имаа можност да се запознаат со ентомологијата, гранка на зоологијата која се занимава со изучување на инсектите и одблиску да видат и слушнат кое е нивното значење во ланецот на животот.
Стекнатите знаења ќе придонесат кон поглема љубов на децата кон природата, но и изучување на гранки од зоологијата што се важни за понатамошно изучување на оваа проблематика.
А.Н.