Од основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче стасуваат информаци за последните подготовки пред почетокот на новата учебна година.

Во информацијата се вели дека се реконструира оштетениот дел на приодите, а со бехатон плочки се прошируваат и реконструираат веќе постојните патеки. Исто така, бојадисани се и ходниците во училиштето. Се санира и подот на спортската сала.

Учениците од ова училиште во рамките на дворот ќе добијат и сосема ново детско катче за безбедна игра во текот на одморите- пишува во соопштението.

Но, со ова станува многу нејасно дали некои училишта веќе добиле информација за старт на училишната година, а кое соопштение не и се соопштува на јавноста. Или, се повторува она за што вчера пишувавме – а тоа е дека се инсистира на отворање на училиштата за да се реализираат тендерите. За какво детстко катче во училишниот двор се говори кога спред протоколите нели нема собирање и нема одмори да имаат децата? А.Н.