Двајца жители од Дебар се нови позитивни пациенти за коронавиус, објави министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес конференција. Станува збор за соседи на тројцата жители од Дебар кои пред неколку дена беа хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје. Тие живееле во куќи лепенки. Членовите на нивното семејство ќе бидат во домашна изолација.

Според минситерот Филипче денеска беа тестирани вкупо 12 лица за коронавирус. Со новите случаи, на Инфективната клиника сега се лекуваат осум лица, со оглед на тоа дека првата заболена пациентка е целосно оздравена и за некој ден ќе биде пуштена на домашно лекување.