Во Шпанија, во изминатите 24 часа починале 932 лица од корона вирусот, што е мало намалување на бројот на смртни случаи во однос на вчера кога достигна 950 жртви.

Вкупниот број на смртни случаи во земјата е 10,003, соопшти Министерството за здравство.

Само во Мадрид починале 124 лица, пренесува Ројтерс.

Бројот на потврдени случаи е зголемен за 7.472, со што вкупниот број заразени достигна 117.719 лица. А.Н.