четврток, април 25, 2024
домаНасловнаУште една експлозија во Холандија, трета за два дена

Уште една експлозија во Холандија, трета за два дена

Уште еден супермаркет, трет по ред за два дена, беше сериозно оштетен денес во експлозија во холандскиот град Бевервијк во близина на Амстердам.

Во случајот никој не е повреден, а холандските медиуми наведуваат дека оваа продавница е во сопственост на истото лице како супермаркетот во Алсмер, кој беше оштетен во експлозијата и пожарот во вторникот.

Експлозијата во полски супермаркет, како што пренесува АП, се случи рано утрово околу 5,15 часот во град што е оддалечен околу 30 километри од Амстердам.

Оваа, како и другите две продавници кои беа оштетени во експлозиите во вторникот, се нарекуваат „Биедронка“, но тие не се дел од поголем истоимен ланец во Полска.

Во експлозиите вчера беа сериозно оштетени двата супермаркети во Холандија, но по тој повод никој не беше повреден. Медиумите објавија дека и двата биле во сопственост на лица со курдско потекло. Полицијата ги истражува експлозиите, но сè уште не открила каков може да биде мотивот. А.Н.

RELATED ARTICLES

Most Popular