Откако се рашири веста за корона вирусот во училиште во Скопје, вечерва стаса потврда дека има заарзено дете во училиште од радовишкото село Подареш. Од Центарот за јавно здравје Штип ја потврдуваат информацијата и објаснуваат дека резултатите пристигнале попладнево, а соучениците на заразениот ученик од утре одат во самоизолација.

Наставата во ова училиште продолжува за учениците од прво и трето одделение, бидејќи немале контакт со заразеното дете.

И додека за помалку од една недела веќе имаме две одделнија во самоизолација, бројка од над 300 заболени на ден, МОН одлучи да има целодневна настава и ученициет да добиваат ланч пакет.

Н.Д.