Најновата информација, поврзана со популарните Александар и Дац вели: Првиот роденден на “Уште ми фалиш” прославен со видео од фанови.
На денешен ден, 12 октомври минатата година, премиерно се изведе песната “Уште ми фалиш ” на Александар и Дац, според многумина веќе ги има атрибутите на “евергин” на сите генерации.
На денешен ден популарното дуо ја освои втората награда на Макфест и го промовираше видео спотот. Оттогаш оваа песна се залепи за срцата на многумина и се пееше насекаде.
Ова роденденско видео е направено од многу коцкички среќа и љубов испратени од нивните фанови. Споделете го ова видео и тагнете ги оние “што ви фалат”, предлагаат овие актуелни изведувачи. В.Ѓ.