Компанијата „Фајзер“ во петокот објави дека бараат од американските регулатори вонредно одобрување на нивната вакцина, така што ќе можат да ги имаат своите први дози уште на почетокот на декември, објави АП.

„Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БиоНТек“ се одлучија на оваа акција неколку дена откако објавија дека нивната вакцина има 95% стапка на успех.

Компаниите потенцираат дека сакаат да обезбедат добра и квалитетна заштита со која би можеле да обезбедат „итно одобрување“ што би можело да пристигне пред конечните резултати од сите спроведени тестови.

Да потсетиме, „Фајзер“ неодамна ги објави последните анализи на 3-та фаза од тестирањето на својата вакцина.

“Ефикасноста е еднаква, без оглед на возраста на испитаниците, расата или етничкото потекло. Забележаната ефикасност кај возрасните над 65-годишна возраст е поголема од 64%”, рекоа „Фајзер“ и „БиоНТек“ во заедничкото соопштение. А.Н.