„Потребно е подолго отколку што се очекуваше да се прошири синџирот на снабдување со вакцината. Исто така е важно да се нагласи дека резултатите од клиничките испитувања се одложени отколку што првично беа планирани”, рече портпаролот на компанијата.

Фајзер и неговиот германски партнер БиоНТех се надеваа дека ќе произведат 100 милиони вакцини до крајот на годината, но бројот на планирани дози сега е преполовен на 50 милиони.

Фајзер добива суровини од добавувачи во САД и Европа. Проширувањето на производството на компоненти на вакцините минатиот месец се покажа како предизвик. Во моментов, компанијата исто така сè уште ги чека резултатите од најновите тестови, вели производителот.

Компанијата не прецизираше кои компоненти за производство недостасуваат. Вакцините обично содржат материјали кои вклучуваат антивирусни агенси, антисептички течности, стерилна вода и ДНК елементи од самиот вирус кои не предизвикуваат сериозни симптоми, но го активираат имунитетот да произведува антитела.

Обично, компаниите прво чекаат да им биде одобрен производот и дури потоа започнуваат да набавуваат суровини, поставуваат производни линии и воспоставуваат синџири на снабдување.

“Во овој случај, сето тоа се случи во исто време. Почнавме да формираме синџири на снабдување во март, кога вакцината сè уште се развиваше. Ова е целосно невидено”, рече учесник во процесот на развој на вакцините на Фајзер.

Фајзер / БиоНТех во моментов планираат да произведат 1,3 милијарди вакцини во 2021 година, а недостигот од 50 милиони дози оваа година ќе биде неутрализиран со зголемено производство следната година.                       А.Н.