Меѓународната асоцијација на кинематографери на нивното второ издание на доделувањето на меѓународните награди, ИМАГО, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ му ја додели наградата за исклучителен придонес во промоцијата на филмската уметност.

Фестивалот „Браќа Манаки“ е единствената институција на која и’ е доделено ова високо признание од ИМАГО, за време на одржувањето на Интернационалното собрание на Федерацијата на директори на фотографијата, на нивното второ издание на доделувањето на меѓународните награди во Белград.

На свеченоста во Белград им беа доделни награди на познатиот американски  кинематографер Едвард Лакман (Edward Lachman) за животно дело, на Рејчел Морисон (Rachel Morrison), кинематограферка од САД  и на оскаровецот Дејвид Стамп (David Stump)за извонредни технички достигнувања.